ОН ќе го преразгледа присуството на Кипар по неуспешните преговори за островот

ОН ќе го преразгледа своето присуство на Кипар по неуспехот на преговорите за повторно обединување на островот, изјави раководителката на Мировните сили на ОН во Кипар (УНФИКИП) Елизабет Спехар, јави ДПА.
Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци, Никос Анастасиадис и Мустафа Акинџи, со посредништво на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш завршија на 7 јули во швајцарското одморалиште Кран Монтана без да биде постигнат договор.
Советот за безбедност на ОН се согласи да го продолжи мандатот на УНФИКИП за шест месеци, сметано од 1 август, соошти синоќа постојаниот претставник на Кина во ОН Лиу Џиеи.
- Но, мисијата ќе биде преразгледана во рамките на стремежот за оценка на ефикасноста и мировната улога на ОН, изјави Спехер.
- Мандатот на УНФИКИП подлежи на обновување двапати годишно, но при отсуство на процес, што треба да биде поддржан, нема да има што да прават службите на мисијата и специјалниот претставник на ОН за Кипар Еспен Барт Ајде, посочи Спехер.
- Сега не е време за да се обвинуваме едни со други. Ние треба да признаеме дека невозможноста за постигнување на договор во Кран Монтана е колективен неуспех, нагласи Ајде, јави ТАСС.
Ајде изрази надеж дека Анастасиадис и Акинџи „нема да носат избрзани заклучоци и сериозно ќе се замислат за тоа што може да биде направено, сега кога пропадна конференцијата за Кипар“.
Ајде потенцираше дека, по неуспехот на преговорите, иднината на неговата мисија е ставена под прашање, забележувајќи дека посредничките напори на ОН ќе им бидат секогаш на располагање на лидерите на двете заедници, ако тие побараат да биде продолжен дијалогот.
Ново на Сител
-

Над пет килограми марихуана пронајдени во возило на кумановец
-

Зеленски: Договорите за противвоздушната одбрана постигнати со Трамп мора целосно да се спроведат
-

Европа е сè уште важна, но не е приоритет, се наведува во новата Стратегија за национална одбрана на САД
-

Најстудено во Берово, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

СДСМ го одржува 31. Конгрес
-

Снежна бура во делови од Тексас, Оклахома и Канзас и на источниот брег на САД
-

Магла со видливост од 30 до 150 метри на повеќе патни правци
-

НАТО планира значително да го зголеми оружјето и муницијата на своето источно крило
