-->
-->
Ќе го „јаде“ ли Рамос?!
-->
Лоша вест пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во моментите додека Реал го славеше контроверзниот пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Серхио Рамос поради суспензија го пропушти четврт-финалниот реванш со Јувентус (1:3), меѓутоа тој финишот од второто полувреме го следеше од тунелот што води кон соблекувалните.
Камерите го „уловија“ Рамос како стои пред тунелот, потоа како се расправа со Алегри, кога беше досуден сомнителниот пенал за Реал, и потоа како се радува на голот што од пенал го постигна Роналдо.
Според правилникот на УЕФА, доколку судиите забележат некој што не треба да биде во недозволениот простор, во кој спаѓа тунелот, му следи суспензија. Во наредните денови се очекува УЕФА да го потврди ова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каминандо Фронтерас: Повеќе од 10.000 мигранти загинати годинава по морски пат до Шпанија
-
Муцунски: Соработката со Република Турција е наш значаен приоритет, им стоиме на располагање на претпиемачите за олеснување на реализацијата на деловните планови
-
Сите четири аеродроми во Москва привремено затворени
-
Египет, Грција и Кипар ќе одржат самит во Каиро за зајакнување на партнерството во услови на регионални предизвици
-
ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“ се намалени за 10 отсто
-
Пакистанскиот воен суд осуди 60 цивили на затворска казна од две до десет години
-
Нема ризик за безбедноста, државата е во сигурни раце, вели Мицкоски
-
Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“