-->
-->
Ќе биде критично: УХМР најавува силно невреме со поројни дождови
-->
Управата за хидрометеоролошки работи најавува невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер вечер ќе ја зафати територијата на Република Македонија.Според УХМР во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина дожд од над 25 литри на метар квадратен.
Можна е и локална појава на град, особено во североисточните делови.
Синоптичарите за периодот од утре до петок најавуваат стабилно време освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.
Додека во Скопје попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат, велат од УХМР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
-

Почина нобеловецот Вотсон, еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
