Китаровиќ: Сите држави мора да ги исполнат критерумите за ЕУ
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави денеска во Вараждин дека сите држави, кои сакаат да бидат членки на Европската унија мораат да ги исполнат критериумите и оти не гледа зошто тоа не би можела да биде и Србија.
Китаровиќ ја коментираше блокадата на поглавјето 26 во преговорите со Србија, изјавувајќи дека ако некоја држава сака да биде членка на ЕУ мора да го помине истото што го минале и другите земји членки.
- Хрватска мораше да ги исполни сите критериуми, имавме многу потешкотии, имаше блокади, кои ги сметавме за неправедни, но во овој случај станува збор за критериуми, кои е лесно да се исполнат. Не гледам поради што Србија тоа не би можела да го исполни, рече таа.
Хрватска го блокираше отворањето на поглавјето 26, а премиерот на Србија Александар Вучиќ по најавата дека ќе го напушти Брисел и дека денеска нема да присуствува на Меѓувладината конференција, доколку Хрватска не ја повлече блокадата, синоќа си замина за Белград.
Вучиќ синоќа изјави дека му е доста од „хрватското изживување“.
Ново на Сител
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење