Китаровиќ: Неопходен е ангажман на армијата
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави по седницата на Штабот за заштита и спасување на Вуковарско-сремската жупанија во Винковци, дека состојбата на терен е полоша од тоа што се мислело и истакна дека ќе биде неопходно ангажирање на хрватската армија.
- Го повикувам премиерот да дојде на територија на Товарник, да се увери каква е состојбата, да се преземат дополнителни мерки за стабилизирање на ситуацијата, бидејќи не можеме да прифатиме поголем број мигранти на ова подрачје се додека не се реши прашањето за нивен транзит на друго место, изјави синоќа хрватската претседателка, пренесува Индекс.хр.
Китаровиќ истакна дека во следните два дена се очекува да пристигнат уште 40.000 бегалци.
Според претседателката неопходен е ангажман на хрватската армија, и не само на активирање на војската долж границата, туку на целото подрачје.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера