-->
-->
Киш ќе пее на финалето од ЛШ
-->

Европската фудбалска унија (УЕФА) во средата објави дека пред почетокот на финалниот меч во Лигата на шампионите, кој на 28. мај ќе се одигра во Милано, свој настап ќе има американската музичка ѕвезда Алиша Киз (35).
Првпат оваа сезона за финалето во Лигата на шампионите УЕФА воведува церемонија на свечено отворање, пренесот ќе се врши во 220 земји, а во живо се очекува да го проследат околу 180 милиони гледачи.
Алиша Киз, добитничка на петнаесет Греми награди, на свеченото отворање ќе настапи со песни од нејзиниот најнов албум.
„Многу сум возбудена што своите нови песни ќе ги изведам во пресрет на финалето во Лигата на шампионите, настан кој се следи во сите делови од светот. Ми претставува чест што ќе можам да се здобијам со едно такво искуство“, рекла американската пејачка.
Во финалниот меч во Лигата на шампионите ќе играат победниците од полуфинални пресметки, во кои играат Манчестер Сити - Реал Мадрид и Атлетико Мадрид - Баерн Минхен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
