Кисела Вода обезбеди униформи за сите 5460 ученици
Општина Кисела Вода соопшти дека денеска на првиот училишен ден од Второто полугодие започна со достава на униформите за 5460 учениците од основните училишта на своја територија. Сите основци од прво до деветто одделение, бесплатно добиваат униформа која има унифицирана боја за секое од осумте училишта.
Како што потенцира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оваа мерка е уште еден од чекорите за обезбедување еднакви можности за сите деца и овозможување на позитивен детски развој.
-Униформите ќе создадат рамнотежа и единство меѓу учениците, независно од финансиските можности на нивните родители. Овозможувајќи бесплатни униформи за сите, го намалуваме ризикот од дискриминација и креираме рамка каде сите ученици се почитуваат и прифаќаат, вели Ѓорѓиевски.
Тој појасни дека одлучиле секое училиште да има различна боја на униформа, со што креираат заеднички идентитет за учениците и го поттикнуваат чувството на припадност кон сопственото училиште.
- На овој начин ги подигнуваме и безбедносните стандарди во училиштата. Препознатливоста на униформата го прави веднаш воочливо присуството на лица кои не се дел од тоа училиште, со што се прави превенција од несакани ризици. Образованието претставува столб на нашето општество и ние како локална самоуправа ќе продолжиме со инвестиции во образовните институции што дополнително ќе ги зголемат можностите и перспективите за нашите ученици, најави Ѓорѓиевски.
Воедно покрај бесплатните униформи за сите ученици, Општина Кисела Вода и оваа учебна година обезбеди ранче за секое прваче, а бројни се и проектите за финансиска поддршка на учениците од социјален ризик-бесплатни ужинки, курсеви и спорт, како и бесплатно летување.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари