Кирјос: Допинг случаите со Синер и Швионтек се страшни за тенисот

Ник Кирјос не ги поштеди од критики Јаник Синер и Ига Швионтек за случаите со допинг, велејќи дека интегритетот на тенисот е „во ужасна состојба“.
Италијанецот Синер, светскиот број 1, двапати беше позитивен на забранетиот стероид клостебол во март. Меѓутоа, Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) го прифати аргументот дека супстанцијата ненамерно влегла во телото на Синер – откако ја испрскал со спреј од неговиот сега веќе поранешен физиотерапевт за лекување на рана на раката – и не беше казнет.
Последователно, Меѓународната анти-допинг агенција (ВАДА) ја обжали одлуката до Судот за спортска арбитража (КАС), барајќи забрана „помеѓу една и две години“, а се уште се очекува пресудата од КАС.
Кирјос претходно си зеде слобода да ја критикува ИТИА за одлуката и го стори тоа повторно за време на неговата прес-конференција пред неговото враќање на теренот во Бризбејн. Тој нема играно 18 месеци.
-Интегритетот на тенисот во моментов, сите го знаат тоа, но никој не сака да зборува за тоа, е во ужасна состојба. Навистина е, и тоа не е во ред. Знам дека на луѓето не им се допаѓа кога само го кажувам своето мислење и сум отворен. Како дете кое пораснало со тенис, со конкуренција, можам да бидам емотивен на теренот и да фрлам рекет, но тоа не е ништо во споредба со лажењето и земање на забранети средства за подобрување на перформансите“, рече Кирјос.
Тенисерот од Австралија се враќа на теренот со меч против француската тениска ѕвезда во подем, Џовани Мпетши Перикар.
Ново на Сител
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
