-->
-->
Киргиос го совлада Надал во Синсинати
-->

Австралискиот тенисер Ник Киргиос се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати, САД, откако ноќеска го совлада Рафаел Надал (Шпанија) со 2-0.
Киргиос го доби првиот сет со убедливи 6:2, додека во вториот сет кој беше понеизвесен резултатот беше 7:5.
И покрај поразот, Надал од понеделник ќе се искачи на првото место на светската АТП ранг листа.
Во полуфиналето, Киргиос ќе игра Давид Ферер, кој во четвртфиналната фаза го совлада Доминик Тим со 2-0.
Во другата полуфинална пресметка ќе се сретнат Џон Изнер (САД) и Григор Димитров (Бугарија).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
