-->
-->
Кире Лазаров отвора ракометни школи низ Македонија
-->
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров заедно со агенцијата КМГ Спорт, чиј дел е тој, денес го обелоденија планот за почетокот со работа на ракометни школи низ целата земја.
Лазаров кој веќе три години успешно го организира меѓународниот камп во Охрид, потврди дека од септември во седум града низ Македонија, ќе започне со работа ракометната школа која ќе биде под во која очекува голем број на талентирани деца.
„Одговорноста е голема како и за кампот. Ќе бидеме стрпливи, нема премногу да ветуваме, но напорно ќе работиме со добар стручен кадар, бидејќи тоа е најнеопходно. Моето искуство кажува дека на младите генерации им е потребна стручна работа. Сакаме да им овозможиме квалитетна работа во текот на целата годината. Сега ќе започнеме само со запишување, а наскоро под капата на РФМ ќе изградиме кадетски и младински селекции. Многу е лесно ова да се каже, но потешко е да се оствари. Исто така подготвени сме за соработка со сите други слични школи од нашата земја. Местата за запишување во школите ќе бидат ограничени“, изјави Лазаров.
Овие школи ќе започнат со работа од септември, а ќе бидат отворени во Валандово, Струга, Охрид, Свети Николе, Скопје, Богданци и Стојаково.
„Се надеваме дека бројка на школи во иднина ќе се зголемува, иако тоа не ние е најважно, туку важен ни е квалитетот“, истакна Горан Ѓоргоноски во името на организаторот, агенцијата КМГ спорт.
Имајќи го во предвид искуството кое го има Лазаров , па и неговиот некогашен репрезентативен колега Ѓоргоноски, со организацијата на трите досегашни кампа во Охрид, нема дилема дека и школите кои ќе имаат голем одзив и успех.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност