Кире Лазаров го означи стартот на проектот „КЛ7“

Првата македонска ракометна лига од оваа натпреварувачка сезона ќе има уште еден клуб „КЛ7“. Идејата на легендарниот Кирил Лазаров е јадрото на новиот субјект во македонскиот ракомет да бидат млади играчи чии тренер ќе биде Андон Бошковски.
„Ќе поставуваме високи цели за да можеме да ги препознаеме карактерните особини на нашите играчи за што подобро селектирање. Ќе учествуваме на интернационални турнири со реномирани противници. Нашата цел ќе биде стандарден суперлигаш со таргет млади македонски играчи”, изјави идејниот творец на проектот Кирил Лазаров.

Тренажниот процес на ракометарите на „КЛ7“ е во тек, а првиот официјален натпревар го имаат во средината на септември. До почетокот на првенството „КЛ7“ ќе одигра повеќе пријателски натпревари со суперлигашки тимови.
Идејата за уште поголема популаризација на ракометот кај децата Лазаров и неговиот тим ја реализираат веќе трета година, преку школите кои работат низ Македонија. Нивното мото е “Ракомет за секое дете”, со цел најдобрите од нив по неколку години да се изборат за своето место во клубот.
извор/lazarovkiril7.com
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
-

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година
-

По пет години затвор добија тројца турски државјани, кои помагаа во извршување на убиство во Штип
-

Осомничениот за убиството во Старо Нагоричане е во затвор Куманово
