Кирацовски: Мојата сестра и баба се повлекуваат од работните места

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, вели дека по заклучоците на Антикорупциска, од работните места ќе се повлечат неговата сестра и мајката на неговата сопруга. Тој појаснува дека од своите роднини побарал да се повлечат од нивните работни места, иако како што вели, нема право на тоа, бидејќи не влијаел ниту за нивно вработување.
- Нашата татковина, државата, општеството, покажува зрелост како никогаш досега. Граѓаните реагираат, а независните институции постапуваат согласно нивните надлежности. Пред нас се одлуки, заклучоци на Државната комисија за спречување на корупцијата. Моето лично мислење за овие одлуки ќе го задржам за себе, тоа сега не е важно.
Презедовме одговорност, пред граѓаните, да ги менуваме работите, да го менуваме системот. Нашата обврска ја исполнуваме само со конкретни чекори.
Јас бев првиот што јавно реагираше уште на првите реакции од јавноста. Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангажман како алатничар, преку Агнеција за времени вработувања. Во оваа насока сакам да ја известам јавноста дека побарав повлекувањe на моите роднини од работните места за кои ДКСК наоѓа некакви индиции, иако немам право на тоа, затоа што никако не сум влијаел за нивните вработувања.
Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја, како нивна лична одлука. Привилегии, партизација и непотизам не се вредности на СДСМ, не се ниту ќе бидат мои вредности. Очекувам Државната комисија за спречување на корупцијата да поведе постапка и за бројните партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ и непотизмот кој што го раширија до невидени размери. Се друго би било дискриминација на граѓаните. Само така можеме да градиме праведно општество кое нуди фер шанса за секој наш граѓанин, напиша Кирацовски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
-

Десет возачи лишени од слобода за возење без дозвола, со забрана и под алкохол
-

Сообраќајот по влажни коловози, одронот кај село Колари е отстранет
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
