Кипар дополнително ги укинува рестрикциите
Со отворање на дел од средните училишта, галериите, фитнес центрите, базените, училиштата за танц, од денеска на Кипар започнува новата фаза од укинувањето на рестриктивните мерки, а паралелно почнува и постепеното воспоставување на летовите.
Следниот понеделник планирано е сите средношколци да се вратат во училишните клупи, а согласно планот на кипарската Влада, од 16 март ќе се отворат и угостителските објекти.
И понатаму во сила е полицискиот час од 21 часот, но и задолжителното испраќање смс пораки за движење на граѓаните.
Од денеска, започнува и постепеното воспоставување на летовите кон Република Кипар, а земјите се поделени во четири категории: зелена, портокалова, црвена и сива во зависност од епидемиолошката слика во секоја од државите.
За земјите од зелената категорија (Исланд, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и Саудиска Арабија) не е потребен тест, ниту карантин, но во текот на овој месец при пристигнувањето на патниците ќе им се прави ПЦР тест што е на трошок на Кипар.
За државјаните од портокаловата зона (Данска, Финска, Норвешка, Кина, Јужна Кореа и Тајланд) задолжителна е потврда за негативен ПЦР тест направен пред патувањето.
Негативен ПЦР тест 72 часа пред патувањто, но и тест по пристигнувањето се условите за посетителите од земјите во црвената категорија, односно за државјаните на Австрија, Белгија, Бугарија, Франција, Ирска, Хрватска, Луксембург, Романија, Шпанија, Италија, Малта, Холандија, Унгарија, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Шведска, Германија, Грција, Андора, Монако, Ватикан, Сан Марино, Швајцарија и Лихтенштајн.
Во последната, сива категорија се земјите за кои е дозволено патување на Кипар, но само по издадена специјална дозвола и во оваа група се Велика Британија, Израел, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија и Руанда.
На Кипар, досега се регистрирани 34.707 случаи на Ковид-19, почина 231 лице, а спроведени се 78.642 вакцинации, од кои 55.762 лица ја примиле првата доза.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар