Киното во Драчево прераснува во Дом на културата

Киното во селото Драчево ќе пререасне во Дом на културата. Во тек е реконстркција со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
На приземјето, кое се протега на 690 квадрати и катот со површина од 460 квадратни метри ќе функционира повеќенаменска сала со бина и техничка просторија, гардероби, канцеларии за месна заедница, канцеларија за матичар, сала за венчавки и архива, снек бар, тоалети... Во рамките на дворот е предвидена изведба на летна сцена со трибини и партерно уредување.
Проектот се работи со финансиска поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку мерката 321, подобрување на квалитетот на животот во рурални средини, врз основа на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година за кој општина Кисела Вода аплицираше преку секторот за локален економски развој.
Неговата реализација ќе овозможи жителите на селото Драчево на местото на руинираниот објект изграден во 1946 година, да добијат современ простор за културно дружење и забава.
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
