„Кино утро“ со десет филмови за деца во Кинотеката
Со германскиот игран филм „Рафи“ во режија на Аренд Агте, денеска напладне во Кинотеката ќе почне филмската програма за деца „Кино утро“ што се организира секоја година за време на зимскиот распуст.
Програмата за најмладата публика до 18 јануари ќе прикаже десет играни и анимирани филмови од понова продукција, главно европски – од Германија, Данска, Италија, Романија, Австрија, Франција, но и анимирани од Јапонија.
Утре напладне ќе биде прикажан романскиот анимиран „Улица на надежта“, а во наредните денови на програмата се: „Центарот на мојот свет“; „По стапките на мојот татко“; „Господинот Мол и фабриката за чоколадо“; „Помош, ги смалив родителите“; „Мираи“; „Хакер“; „Двојна неволја и магичното огледало“ и „Момчето фантом“ со кој на 18 јануари ќе заврши програмата.
Влезницата за проекциите е 100 денари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата