Живот
19. September 2017 - 19:43

Кинезите отворија небески автопат: Поминува низ планините кои го инспирираа и Холивуд

Автопатот кој го нарекуваат најубав, отворен е во кинеската провинција Хунан.

Новиот автопат поврзува многу туристички атракции во тој крај во Кина, вклучувајќи го Тјенанменскиот планински масив кој им беше инспирација на твориците на холивудскиот блокбастер „Аватар“.

Се очекува новиот патен правец да помогне во развојот на туризмот во тој регион.