Кинез истрчал маратон во дневната соба
Страствениот кинески атлетичар, Пан Шанцу, истрчал ултрамаратон во својот дневен престој, откако останал затворен во станот заради страв од коронавирусот, очајнички обидувајќи се да остане физички подготвен.
Кинеската Влада агресивно ги поттикнува луѓето на телесни вежби за да им го засили имунитетот и да се борат со заразата која досега однесе над 1.790 животи и предизвика глобална загриженост и узбуна.
Шанцу со леснотија ќе освои неофицијален златен медал бидејќи за 6 часа и 41 минута во станот истрчал 66 километри. Неговата апликација со податоци сето тоа го докажува, а атлетичарот снимил и видео како трча околу мебелот во станот.
-На почетокот малку ми се вртеше во главата, но се навикнав по толку многу истрчани кругови, рече 44-годишникот од Хангџоу.
Во друга прилика тој истрчал во место цели 30 километри, и тоа во својата бања, а сето тоа во живот го пренесувал на интернет. Самиот кажува дека со овие примери сака да ги поттикне другите луѓе кои сега се „заковани“ за своите домови.
Кинеските власти почнаа посебна кампања во која нивните олимпијци на населението му демонстрираат како да останат „фит“ во „привременото заробеништво“ во нивните домови заради стравот од коронавирусот.
Ново на Сител
-
За изградба на автопататот Кичево-Охрид ќе требаат повеќе пари
-
Електронски пари без банка, нова услуга од Иуте
-
Преглед на вестите од светот
-
Три куќи изгореа во пожар во Злокуќани, двајца пожарникари побарале лекарска помош
-
Општинските власти бараат поригорозни санкции за пироманите
-
Дали ќе има нови мерки за високите цени?
-
Зголемени наплати, спречени обвиди за шверц – успешна година зад Царинската управа
-
Прилеп ќе добие Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење