Кинескиот министер за надворешни работи оваа недела ќе ја посети Северна Кореја
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Северна Кореја во текот на оваа недела, соопшти портпаролот на министерството.
Посетата е предвидена за среда и четврток на покана на севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јон-хо, соопшти министерството.
Ванг Ји ќе биде првиот кинески министер за надворешни работи кој ќе ја посети Северна Кореја од 2007 година.
Посетата беше објавена откако се зголемија надежите за мир на разделениот Корејски полуостров по историската средба меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, на која двајцата лидери ветија „целосно нуклеарно разоружување".
Кина е единствениот голем економиски партнер на Северна Кореја, но трговијата се намали за околу 90 проценти, бидејќи Пекинг ги спроведува санкциите наложени на Пјонгјанг поради нуклеарните и ракетните проби.
Минатиот месец Ким Џонг-ун беше во долгоочекуваната посета на Пекинг.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР