Кинеската војска започна воени вежби околу Тајван
Кинеската војска започна воени вежби што вклучуваат борбено пукање во водите и воздушниот простор околу островот Тајван, информираше денеска кинеската државна телевизија. Во извештајот на телевизијата се наведува дека предвидено е вежбите да завршат во недела попладне.
Истовремено, тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека тајванската војска ќе продолжи со зголемување на нивото на подготвеност и оти соодветно ќе реагира на „непријателска ситуација“. Медиуми пишуваат дека Кина неделава спроведува неколкудневни целни воени вежби во зоните околу Тајван, како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси.
Претходно денеска беше изразен сомнеж дека дронови летале над тајванските острови и оти била хакирана страницата на интернет на тајванското Министерство за одбрана, ден по посетата на Пелоси. Кина, која го смета Тајван за своја територија, денеска наведе дека нејзините несогласувања со островот се внатрешна работа. „Нашето казнување на застапниците за независност на Тајван од надворешни сили е разумно, законско“, објави кинеската канцеларија за тајвански прашања.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз