Кина воведе царини на европските жестоки пијалаци

Кина воведе привремени царини на увозот на жестоки пијалаци од Европската Унија, заклучувајќи дека нивните нереално ниски продажни цени би можеле да им наштетат на домашните произведувачи. На почетокот на годината Кина отвори истрага за можен дампинг на жестоките пијалаци од ЕУ, заклучувајќи дека здружението на домашни произведувачи дало „релевантни докази“ дека нивните продажни цени се пониски од трошоците за производство.
Истрагата го опфати периодот од октомври 2022 до септември 2023 и штетата на кинескиот сектор за производство на жестоки пијалаци во периодот од 2019 до 2023. Европските дестилерии продавале жестоки пијалаци со попуст од 30 до 39 отсто, објави министерството.
Здружението на произведувачи на коњак БНИЦ тврди дека во јануари попустот изнесувал 16,88 отсто и дека е „особено скромен во споредба со она што е општо прифатено како основа за антидампинг истрагата“.
Во јануари компаниите кои стојат зад марките Мартел, Реми контро и ЛВМХ добиле, според неименуван извор, повик да учествуваат во истрагата.
Произведувачите барале да се слушне и нивниот глас и ќе отидат на состанокот, кажа тогаш претставникот на здружението БНИЦ, додавајќи дека планираат да соработуваат и во иднина.
„Одлуката за нашата судбина ќе биде на крајот донесена во политичките преговори“, кажа тогаш неименуван извор, додавајќи дека произведувачите на коњак се „внимателно оптимистични“ пред разговорите на претставниците на Пекинг и Брисел во трговските спорови. ЕУ во меѓувреме воведе дополнителни царини на кинеските електрични автомобили, а кинеското министерство за трговија најави прелиминарни царини на увозот на жестоки пијалаци од ЕУ.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
