Кина тврди дека коронавирусот прво се појавил во Европа, а не во Вухан
Кина користи нова студија за раното, скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата претпоставка дека азиската земја е родното место на пандемијата, според извештаите.
Официјални лица во Пекинг инсистираат на новата студија која сугерира дека инфекцијата може да се проширила во европската нација уште во септември – три месеци пред да се потврди дека се шири во кинескиот град Вухан, пренесува лондонски „Тајмс“.
Азиската држава претходно ја доведуваше во прашање и Шпанија за потеклото на пандемијата, како и американската армија, тврдејќи дека го донела вирусот во Вухан во октомври минатата година за време на Светските воени игри, се наведува во извештајот.
Кинеските државни медиуми ја форсираат идејата дека новата студија на Националниот институт за рак докажува дека инфекцијата најверојатно започнала во Италија, а не во Кина, според британскиот весник.
„Ова уште еднаш покажува дека потрагата по изворот на вирусот е сложено научно прашање што треба да им се остави на научниците – изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Чао Лиџијан, наведува „Тајмс“.
Неодамнешното истражување на Институтот за тумори во Милано и Универзитетот во Сиена покажа дека Ковид-19 циркулирал во Италија на почетокот на септември 2019 година, многу порано отколку што се препоставувало досега.
Светската здравствена организација призна дека е можно вирусот „да циркулира тивко на друго место“ пред да биде откриен во Вухан.
Сепак, многу научници се скептични во однос на наодите од италијанската студија – а други забележуваат дека таа не исклучува дека коронавирусот потекнува од Кина.
„Знаеме дека Кина го одложи објавувањето на својата епидемија, па затоа не е познато кога започна таму, а Кина има многу силни трговски врски со северна Италија“, изјави Џовани Аполоне од Националниот институт за рак во Милано за „Тајмс“.
Ново на Сител
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје