Кина се задушува во загаден воздух
Повеќе од една десетина од површината на Кина е прекриена со прекумерно загаден воздух, а во 23 градови на северот од земјата е објавено највисоко ниво на загаденост, јави агенцијата Хсинхуа.
Утринава, четири дена по објавувањето на највисокото ниво на алармантност во Пекинг, кое ќе важи до среда, бројот на фини микрочестици (под 2,5 микрони) на еден кубен метар беше околу 200, што е помалку од очекуваното. Тоа е сепак, ниво осум пати повисоко од она кое го препорачува Светската здравствена организација.
Загадувањето на воздухот е особено високо во пристанишниот град Тјанџин, стотина километри источно од Пекинг, каде што, според националната телевизија, се откажани 180 летови. Заради магла се затворени и сите магистрални патишта во областа.
Болниците во градот пак, јавуваат за зголемен број пациенти со проблеми со респираторниот систем - кашлица, астма, трахеитис, пишува веснникот „Женмин жибао".
За главен загадувач на атмосферата во Кина се смета согорувањето на јаглен за добивање топлинска и електрична енергија.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс