-->
-->
Кина се уште не му честита на Бајден, ги чека конечните резултати
-->
Кина соопшти дека „има предвид“ што Џо Бајден прогласил победа на претседателските избори во САД, но се уште не избрзува со испраќање честитики.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин изјави дека резултатите од изборите ќе бидат утврдени според американските закони и процедури, а Кина ќе ја следи меѓународната пракса при испраќањето свои соопштенија по тој повод.
– Имаме предвид дека Бајден прогласи победа на изборите. Ние знаеме дека резултатите од претседателските избори ќе бидат утврдени според американските закони и процедури. Кина ќе ја следи меѓународната пракса околу соопштенијата по повод резултатите, истакна Ванг на прес-конференција.
Кина е меѓу малиот број водечки земји кои се уште не се изјасниле околу американските избори на кои победи демократот Бајден по повеќедневно пребројување на гласовите. Трамп се уште не го признал поразот и се оспорува броењето на гласовите во неколку окрузи.
Без да го коментира победникот на изборите, Ванг нагласи дека ставот на Пекинг е оти Кина и САД треба да го јакнат дијалогот, да шират соработка и да ги управуваат и контролираат разликите врз основа на меѓусебно почитување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта
-
Нетанјаху: Новата офанзива во Газа ќе биде жестока и долгорочна