Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин
Кинеските власти во изминатите недели предложиле Пекинг да биде домаќин на средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, како и помош за мировните преговори за Украина, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на извори во Пекинг и Вашингтон.
Весникот наведува дека кинеските претставници преку посредници ги испратиле тие понуди до тимот на Трамп и не предвиделе учество на украинскиот претседател Володимир Зеленски во преговорите меѓу Трамп и Путин.
Белата куќа не потврди дали добила таква понуда од Кина.
Извори на весникот рекоа дека предлогот на Пекинг да помогне да се постигне договор меѓу Русија и Украина конкретно го нагласува вклучувањето на Кина како „гарант“ со испраќање мировни сили во регионот.
Според весникот, предлогот на Кина бил дочекан со скептицизам во САД и Европа поради загриженоста за „се поблиските врски“ меѓу Пекинг и Москва.
Повикувајќи се на извори запознати со позицијата на Пекинг, весникот пишува дека кинескиот предлог не вклучува никакви обврски за Пекинг да ја намали наводната економска поддршка за Москва.
Трамп откри дека очекува да се сретне со Путин во Саудиска Арабија на мировни преговори за Украина по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери. Зборувајќи за првиот потврден контакт меѓу двајцата лидери по враќањето во Белата куќа, американскиот претседател во средата на новинарите во Белата куќа им рече дека имал „долг и многу продуктивен“ разговор со Путин.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social истакна дека најверојатно ќе се сретне со Путин за првпат во Саудиска Арабија и дека очекува тоа да се случи „во не толку далечна иднина“.
Ново на Сител
-
Од први јуни авиолинии до уште три градови во Турција
-
УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
-
Кулминација на конфликтите меѓу САД и Кина: студенти, компании, минерали, чипови
-
Лавров и Рубио разговараа за Украина во пресрет на денешната рунда мировни преговори во Истанбул
-
Русија ноќеска соборила 162 украински дронови
-
Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели, ФБИ смета дека е терористички чин | ВИДЕО
-
Аналена Бербок денеска се избира за претседателка на Генералното собрание на ОН
-
Алкараз победи на 100 натпревари во 119 натпревари на земја - само Надал го направи тоа побрзо