Кина: По 50 нови случаи на Ковид-19, побарано е 13 милиони жители на Сијан да не излегуваат без потреба
Кинескиот град Сијан ги повика своите 13 милиони жители да останат во своите домови, откако во тој град беа откриени повеќе од 50 нови случаи на коронавирус, јави Си-Ен-Ен.
Кина вчера пријави 57 локално пренесени случаи на Ковид-19 во пет градови, додека се обидува да ја смири епидемијата на коронавирус како дел од нејзината политика на нулта толеранција против „Ковид“. Повеќето случаи – 52 – се пријавени во Сијан, историски град во северозападната провинција Шанкси, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.
Бројот на заразени во тој град се зголеми на 143 инфекции од почетокот на новиот бран на епидемијата на 9 декември. Сијан денеска ги затвори сите автобуски станици и повеќе од 1.300 јавни објекти и им препорача на речиси 13 милиони жители да не ги напуштаат своите домови доколку не е потребно.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска