Кина планира да вакцинира 80 отсто од населението до крајот на годинава

Кина има намера да вакцинира 70 до 80 проценти од својата популација против коронавирус до крајот на оваа или средината на 2022 година, изјави Гао Фу, директор на кинескиот Центар за контрола на болести. Во денешното интервју за CGTN тој вели дека Кина ќе вакцинира 900 милиони до милијарда луѓе со четири одобрени вакцини.
„Се надеваме дека Кина ќе може да го преземе водството во светот во постигнувањето масовен имунитет“, рече тој.
Таков имунитет се постигнува кога го имаат доволен број жители, или поради вакцинација или поради претходно прележана инфекција. До крајот на февруари, Кина даде 52,5 милиони дози вакцина. Скоро 10 пати повеќе луѓе се вакцинирани со кинески вакцини во странство отколку дома.
Кина одобри четири домашни вакцини - две од Синофарм, Синовак и КанСино. Ниту за една одобрена вакцина не е јавно спорведена последната фаза од тестирањето.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
