Кина: Падот на индустриското производство најголем во последните 30 години
Како резултат на пандемијата на коронавирус, забележан е пад на индустриското производство во Кина, првпат за речиси 30 години, а пад е регистриран и во малопродажбата.
Индустриското производство падна за 13,5 проценти на годишно ниво, во однос на порастот од 6,9 проценти во декември.
Малопродажбата, што ја одразува потрошувачката, регистрираше загуба од 20,5 проценти во однос на првите два месеци од 2019 година, објави Националното биро за статистика.
„Епидемијата на новиот коронавирус ја наруши економската активност во првите два месеци од оваа година“, велат од Националното биро за статистика, додавајќи дека генерално, краткорочните последици се совладливи.
Сепак резултатите се полоши од што аналитичарите очекуваа, кои прогнозираа пад на индустриското производство од само три отсто, а малопродажбата четири проценти.
За поддршка на економијата, Централната банка на Кина денеска објави намалување на задолжителниот процент што банките мора да го задржат како резерва. Ова би можело да ослободи 550 милијарди јуани (70,6 милијарди евра). На тој начин, кинеската Централна банка сака да ги охрабри комерцијалните банки да позајмуваат повеќе на фирми со цел да ја поддржат реалната економија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран