-->
-->
Кина: Никогаш нема да дозволиме војна на нашиот праг
-->
Кина никогаш не би дозволила војна или хаос на својот праг, истакна денеска портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Рен Гучианг, говорејќи за тензиите на Корејскиот Полуостров.
Истовремено, од кинеското Министерство за надворешни работи соопштија дека „ситуацијата на Корејскиот Полуостров е сериозна работа, а не компјутерска игра“.
Портпаролката на Министерството, Хуа Чунјинг, коментирајќи ги евентуалните нови санкции кон Пјонгјанг, додаде дека „за жал, само дел од земјите ги примениле санкциите, необѕирајќи се на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, којашто повикува на дијалог".
Северна Кореја во меѓувреме потврди дека завчера лансирала ракета која ја прелета Јапонија и падна во водите во Тихиот Океан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп
-
Се уште е во финална фаза формирањето на странска комисија која ќе ги проверува наводите на д-р Кедев
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици