Кина: Куче минало 40 километри дома во потрага по својот покоен сопственик
Куче во Кина минало речиси 40 километри до својот прв дом и во потрага по поранешниот покоен сопственик.
Бројни корисници на интернет-просторот го споредија верното милениче со кучето Хачико од истоимниот јапонски филм, кое девет години го чека својот сопственик на истото место. Имено, сопственикот на осумгодишното куче „Големиот Жолтко“ починал, па син му го однел животното дома – далеку од дотогашното живеалиште. Кусо потоа, нивна познаничка го снимила кучето вратено во старото село.
– Можеби тоа не разбира што значи смртта и зошто личноста која најмногу го сакаше веќе не е тука… Не очекував дека приказната за „Жолтко“ ќе стане интернет-хит. Случајно го снимив на видео бидејќи сакам кучиња, вели пријателката.
Синот на сопственикот одлучил кучето да остане во селото. „Саут Чајна морнинг пост“ објави дека кучето сега талка по улиците барајќи го својот сопственик и чека со часови пред неговата куќа надевајќи се дека ќе се појави.
Сега, се чини, „Жолтко“ е миленик на целото село.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима