Свет
4. August 2020 - 9:01

Кина ќе се одмазди на САД ако ги протера кинеските новинари

Кина ќе преземе мерки за одмазда ако сите кинески новинари со седиште во Соединетите Американски Држави бидат принудени да ја напуштат земјата, изјави главниот уредник на Глобал тајмс, Ху Ксијин.

„Бидејќи американската страна не ги обновува визите на кинеските новинари, кинеската страна се подготви за најлошото сценарио дека сите кинески новинари треба да ги напуштат САД“, напиша Ху на Твитер.

Тој наведе дека кинеската страна, доколку тоа се случи, ќе се одмазди, вклучувајќи ги и американските новинари со седиште во Хонг Конг.

„Глобал тајмс“ е весник на кинеската владејачка Комунистичка партија.