Свет
12. March 2025 - 10:32

Кина ќе разговара со Русија и Иран за нуклеарната програма на Техеран

Иран денеска потврди дека оваа недела ќе разговара со Кина и Русија за својата нуклеарна програма, откако Пекинг објави дека ќе биде домаќин на состанокот.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Бакаи, во изјавата рече дека тринасочните разговори в петок ќе се фокусираат на „развојот поврзан со нуклеарното прашање и укинувањето на санкциите“.