Кина ја одобри за итна употреба вакцината Синовак за деца на возраст од 3 до 17 години
Кина ја одобри за итна употреба вакцината Синовак Биотек против Ковид-19 за деца на возраст од 3 до 17 години, соопшти претседателот на компанијата Јин Веидонг во изјава за државната телевизија. Масовната вакцинација во Кина, каде што беа администрирани 723,5 милиони дози до 3 јуни, сега опфаќа само лица постари од 18 години.
Државната компанија Синофарм, чиј производ, во две дози, користи технологија слична на онаа на Синовак, исто така, претстави податоци со цел да добие дозвола да се инјектира во помладите групи. Вакцинатата CanSino Biologics, која користи различна технологија, е во втора фаза од тестирањето кај млади од 6 до 17 години
Синовак, исто така, ги заврши клиничките испитувања од втора фаза, при што на учесниците им беше инјектирана трета засилувачка доза по двете редовни, рече Јин, но предупреди дека компанијата допрва треба да заврши долгорочно следење на траењето на антителата пред да им препорача на властите да администрираат и трета доза.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна