Кина го зголеми буџетот за армијата

Кина вчера објави дека годинава ќе го зголеми буџетот за одбраната за околу седум отсто, што е најмало зголемување од 2010 година.
- Тоа не е доволно. Многу луѓе во армијата нема да бидат среќни поради ова, изјави неименуван кинески армиски претставник.
Со овагодинешното зголемување од 9,7 милијарди долари вкупниот буџет за одбраната на Кина првпат ја пробива границата од билион јуани или 145 милијарди долари.
Влијателниот кинески таблоид под државно влијание „Глобал тајмс“ минатата недела апелираше за зголемување на буџетот на кинеската армија за најмалку десет отсто, со цел да се одговори на неизвесноста што ја предизвика американскиот претседател Доналд Трамп кој предлага зголемување на буџетот на американската армија за десет отсто. Кина и САД имаат спор поврзан за Јужно Кинеско Море и за статусот на Тајван.
Неименуван пензиониран кинески генерал за медиумите во Хонг Конг и Тајван изјави дека кинескиот воен буџет треба да биде зголемен за 12 отсто со цел да се парира на американското зголемување.
Армијата на Кина со два милиона припадници е најбројна во светот, ако се исклучи НАТО.
Ново на Сител
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
