Кина го задржува правото на прогласување зона на воздушна одбрана
Кина денеска предупреди дека, доколку се почувствува загрозена, може да прогласи зона на воздушна одбрана над Јужното Кинеско Море.
Ваквото предупредување следи по вчерашната одлука на Постојаниот арбитражен суд во Хаг во корист на Филипините, во која се наведува дека Пекинг нема правна основа за полагање историски права врз островите во Јужно Кинеско Море.
Прогласувањето зона на воздушна одбрана од страна на Кина нагло ќе ги зголеми тензиите, предупредуваат американските медиуми, но додаваат и дека Пекинг на новата филипинска Влада и понуди „маслинова гранка“ на помирување, соопштувајќи дека Филипините би имале корист од соработката со Кина.
Кинескиот заменик министер за надворешни работи Лиу Женмин, претставувајќи го официјалниот одговор на кинеската Влада на пресудата на судот во Хаг, денеска во Пекинг рече дека островите во Јужно Кинеско Море „се неодвоива кинеска територија" и ги обвини Филипините дека предизвикуваат проблеми.
- Доколку биде загрозена нашата безбедност секако дека имаме право да одредиме зона на воздушна одбрана. Тоа ќе зависи од нашата целокупна проценка, рече Лиу на брифингот во Пекинг.
Ново на Сител
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот