Кина го ограничи Ватс-ап на своја територија
Кинеската Влада го ограничи користењето на апликацијата за размена на пораки Ватс-ап, со цел засилување на безбедноста пред Конгресот на Комунистичката партија на Кина, кој ќе се одржи следниот месец.
Корисниците во Кина неделава веќе се соочуваат со проблеми во користењето на оваа апликација.
Ватс-ап е производ на Фејсбук, кој е достапен само во континентална Кина, но не и во одредени делови на крајбрежниоот појас.
- Периодот пред Конгресот вообичаено е време на поголеми ограничувања од секаков вид, со цел да се гарантира дека Конгресот на партијата ќе се одржи во идеални општествени услови и нема да не се нарушува мирот, изјави за Би-Би-Си Роберт Лоренс Кан, долгогодишен советник на повеќе кинески водечки мултинационални корпорации.
Ватс-ап одби да го коментира овој случај.
Ново на Сител
-
Историски најниска излезност на локалните избори – Во прв круг избрани 44 градоначалници
-
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп прогласи убедлива победа во првиот круг
-
Убедлива победа во Охрид
-
Убедлива победа во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот