Кина ги повикаа САД да прекинат со испораките на оружје за Украина
Ако навистина се грижат за украинскиот народ, САД треба да престанат да го снабдуваат со оружје, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.
-САД се главниот иницијатор и главната движечка сила на кризата во Украина, тие континуирано доставуваат тешко и офанзивно оружје за Киев, продолжувајќи го конфликтот и правејќи го поинтензивен, изјави портпаролката, Мао Нинг.
Дипломатката истакна дека доколку САД навистина сакаат кризата да заврши скоро и „доколку навистина се грижат за безбедноста на украинскиот народ, треба да престанат да испраќаат оружје таму и да профитираат од војната”.
-Потребно е одговорно да се придонесе за брза деескалација и да се создаде поволна атмосфера и услови за мирни преговори меѓу заинтересираните страни, рече Нинг.
Коментирајќи ги најавите дека кинески државни компании обезбедуваат воена и финансиска помош за Русија во украинскиот конфликт, таа посочи дека САД упатуваат неосновани обвинувања против Кина поради Украина, а Пекинг нема молчешкум да гледа како се кршат правата на кинеските компании.
Претходно кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека решавањето на конфликтот во Украина со политички средства најдобро одговара на европските интереси и на заедничките интереси на сите евроазиски земји.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице