Кина ги повика САД да ја поддржат меѓународната борба против пандемијата
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин изјави дека Кина се надева дека Соединетите Американски Држави ќе ги послушаат објективните и рационални гласови на меѓународната заедница и ќе бидат „поддржувач, а не саботер на меѓународната соработка во борбата против пандемијата на коронавирусот и одредувањето на потеклото на вирусот, пренесе Кинеската медиумска група (ЦМГ).
Ванг ова го изјави на прес -конференција, коментирајќи ги неодамнешните забелешки на Џефри Сакс, кој ја предводи Комисијата Лансет за коронавирусот.
Сакс рече дека глобалниот одговор на пандемијата е целосно несоодветен и дека еден од главните геополитички проблеми може да биде неуспехот на САД во соработка со Кина во изнаоѓањето глобални решенија.
Научникот исто така рече дека „САД треба да научат некои добри начини за соработка со Кина, наместо да се обидуваат да ја наметнат својата волја на таа земја“.
Ванг рече дека швајцарскиот епидемиолог Кристијан Алтаус, исто така, изјавил дека Кина правилно реагирала на пандемијата и издејствувала два месеца период за остатокот од светот подобро да се подготви за борба против оваа пандемија.
Тој нагласи дека одговорот на коронавирусот и одредувањето на неговото потекло бараат солидарност, соработка и научен дух.
– Сепак, некои луѓе во САД постојано се обидуваа да ги политизираат напорите на двата фронта за да ја префрлат вината за неуспехот да одговорат на пандемијата на други земји, додаде Ванг.
Според него, „таквото неодговорно однесување не само што скапо го чинеше американскиот народ, туку стана и најголемата пречка во меѓународната соработка во борбата против вирусот и одредувањето на неговото потекло“.
– Се надеваме дека САД ќе го послушаат објективниот и рационален глас на меѓународната заедница, ќе бараат солидарност наместо конфликт, ќе преземат одговорност наместо да ја префрлаат вината, ќе се водат од науката наместо политиката и ќе поддржат меѓународна соработка во борбата против вирусот и пронаоѓање на изворот, истакна Ванг Венбин.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната