Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини

Кина ги обвини САД за двојни стандарди и се закани со контрамерки по објавата на претседателот Доналд Трамп за дополнителни царини.
Министерството за трговија во Пекинг денеска соопшти дека Вашингтон долго време го злоупотребува принципот на национална безбедност, применува контроли на извозот, спроведува дискриминаторски мерки против Кина и еднострано ја проширува својата надлежност врз производи како што се полупроводници и компјутерски чипови.
Кина, исто така, ги обвини САД дека ги нарушуваат глобалните синџири на снабдување и ја повика администрацијата во Вашингтон да ги исправи своите „погрешни постапки“, да ги почитува резултатите од претходните трговски разговори и да ги решава заедничките грижи преку дијалог.
-Доколку САД инсистираат да продолжат по погрешниот пат, Кина сигурно ќе преземе решителни мерки за заштита на своите легитимни права и интереси, соопшти министерството.
Трамп во петокот соопшти дека САД планираат од 1 ноември да воведат дополнителни 100 проценти царини на кинески увоз. Ова уследи по најавата на Кина за проширување на контролата на извозот на ретки минерали.
Кинеското министерство ја оправда својата мерка како легален напор за подобрување на системот за контрола на извозот, наведувајќи ја стратешката важност на ретките минерали за воени примени и глобалните конфликти.
Кина е главен светски производител на овие критични суровини, што ѝ дава значајна преговарачка предност во односите со САД, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
