-->
-->
Ким: Северна Кореја подготвена и за дијалог и за конфронтација со САД
-->
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека Северна Кореја треба да се подготви „и за дијалог и за конфронтација” со САД за време на мандатот на претседателот Џозеф Бајден, јави агенцијата КЦНА.
Ким зборуваше за политиката кон Вашингтон на пленарна седница на Централниот комитет на партијата.
Тој „ја истакна потребата земјата да се подготви и за дијалог и за конфронтација, но да биде особено и целосно подготвена за конфронтација”.
Севернокорејскиот лидер апелираше дека „треба да се насочат напорите за стабилна контрола врз ситуацијата на Корејскиот полуостров”.
Јужнокорејското Министерство за надворешни работи објави дека високи претставници на земјата, Јапонија и САД ќе се состанат в понеделник во Јужна Кореја за да разговараат за севернокорејското прашање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи