Ким Џонг-ун: Северна Кореја е подготвена за „секаква војна" со САД
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави денеска дека неговата земја е подготвена за „секаков вид војна, испровоцирана од американските империјалисти“, пренесува БТА.
- Денес нашата партија решително соопштува дека нашите вооружени сили се способни да се справат со секаква војна, испровоцирана од САД. Подготвени сме да ги заштитиме нашиот народ и синото небо на нашата татковина, изјави Ким.
Неговиот говор беше емитуван во живо на севернокоирејската Централна телевизија. Воената парада во чест на 70-годишнината на владејачката партија не започна наутро, како и обично, туку околу пладне поради дождот.
Според податоците на руски медиуми на парадата учествувале најмалку 20.000 војници.
Севернокорејскиот лидер не спомна ништо конкретно за капацитетот на армијата, а само ги истакна посветеноста на партијата за подобрување на животот на народот.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга