Ким Џонг-ун порача: Натамошно подобрување на односите со Кина

Во екот на борбата против продлабочената криза и ширењето на коронавирусот, лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, денеска најави дека ќе се залага за натамошно подобрување на односите со Кина, која е главен сојузник на Пјонгјанг.
Во честитката испратена до кинескиот претседател Си Џинпинг по повод 100-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина, Ким ја потврди својата посветеност на односите со моќниот сосед, објавија севернокорејските медиуми.
– Работничката партија на Северна Кореја, со своето силно единство со кинеската Комунистичка партија, го зголемува пријателството меѓу двете земји на нова стратешка точка, согласно времето и желбите на народите од двете земји, изјави Ким.
Пораката на Ким е испратена веднаш откако државните медиуми објавија дека на состанокот на моќното севернокорејско партиско Политбиро било потврдено дека „клучниот” неуспех во кампањата против коронавирусот предизвикал „голема криза”.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
