Ким Џонг-ун: Лансирањето на новите балистички ракети е најголем успех на Северна Кореја
Најновото лансирање балистички ракети од подморница севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го нарече „најголем успех“, јавија државните медиуми од Пјонгјанг.
-Резултатот на лансирањето докажа дека Северна Кореја и се придодаде „на првата линија воени сили кои во целост се опремени со капацитети за нуклеарен напад, рече Ким Цонг-ун, пренесе севернокорејската агенција КЦНА.
Северна Кореја во вторникот од својот источен брег тестираше лансирање балистички ракети од подморница, јави јужнокорејската агенција Јонхап.
Пјонгјанг ова тестирање го изведе во време на ескалација на тензиите во односите со Јужна Кореја, при што севернокорејските власти се заканија со одмазда заради заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД, а кои Пјонгјанг ги нарече проба за нуклеарен напад и инвазија.
Ново на Сител
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар