-->
-->
Кил со многу мака ја совлада Висла во дуел од Лига на шампиони
-->
Ракометарите на Кил многу потешко од очекувањата забрележаа победа во дуелот со Висла Плок во првиот меч од 12.коло во Лига на шампиони.
На средбата одиграна синоќа, Кил славеше триумф со 26-24 во завршните четириесетина секунди, иако гостите од Полска на нецели две минути пред крајот имаа и гол предност.
Хрватот, Домагој Дувњак со 10 и Србинот, Марко Вујин со 7 гола беа најзаслужни за победата на германската екипа, додека мала утеха за Роча се седумте гола за Висла, бидејќи Португалецот на една минута пред крајот на средбата при нерешен резултат 24:24 промаши удар од седум метри.
Останатите натпревари од оваа рунда на програмата се претстојниот викенд (20 и 21 февруари), а за македонската јавност секако најголемо внимание ќе привлече настапот на Вардар кој во сабота пред својата публика ќе игра против Кристихјанштад.
Останатите двојки ги сочинуваат:
Сабота (20.02): ПСЖ – Бешикташ, Целје – Фленсбург (група А) и Киелце - Рајн-Некар (група Б)
Недела (21.02): Веспрем - ППД Загреб (група А), Колдинг – Монпелје и Барселона – ПИК Сегед (група Б).
А група – табела: Фленсбург 18 бодови, ПСЖ 18, Веспрем 17, Кил 13, ППД Загреб 9, Висла 8, Целје 5 и Бешикташ 2.
Б група – табела: Барселона 17 бодови, Пик Сегед 15, Киелце 15, Рајн-Некар 15, Вардар 12, Монпелје 7, Кристијанштад 5 и Колдинг 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава