Кикбокс Маитаи федерација на Македонија замина на меѓународен кикбокс куп натпревар во Белград
Кикбокс Маитаи федерација на Македонија во полн состав со вкупно 14 клубови замина на меѓународен кикбокс куп натпревар “Трофеј Београда” во Белград, Србија од 23-25.04.21.
-И покрај корона пандемијата која го тресе светот, и покрај тоа што кикбоксот како индивидуален боречки спорт заедно со останатите слични спортови селективно е обесправен и има забрана за тренинг и натпревари во нашата земја; нашата федерација со тим од вкупно 90 натпреварувачи и тренери од сите клубови ќе учествува на ова првенство и ќе ја претстави нашата земја достојно, онака како што доликува. Со ова селективно затварање на нашите сали и забрана за тренинг и организација на натпревари, покрај тоа што сме дискриминирани, истовремено се оштетени кикбокс натпреварувачите, тренерите, клубовите, федерацијата и секако нашата држава. Се соочуваме со ризик од повреди и лош пласман на престојните меѓународни европски и светски првенства кои се од голема важност и за кикбоксот и за македонскиот спорт во целина. Во текот на денешниот ден се борбите, но и покрај се, се надевам дека ќе прикажеме добри борби, ќе освоиме многу медали и најважно од се да немаме повреди кај натпреварувачите - истакна претседателот и селектор на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија - Дејан Митровски-Урко.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид