-->
-->
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-->
Во последната недела од октомври Русија префрлила повеќе од 7.000 војници од Северна Кореја на границата со Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Украина.
Како што се наведува во соопштението, севернокорејските војници биле транспортирани со помош на најмалку 28 воени транспортни авиони.
Војниците се вооружени со минофрлачи, автомати АК-12, митралези РПК/ПКМ, снајперски пушки и друго оружје.
Севернокорејските војници добија и уреди за ноќно гледање и двогледи.
Како што беше претходно објавено, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Москва префрлила околу 8.000 севернокорејски војници во областа Курск
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“