Киднапиран патнички авион со 118 патници, киднаперите се закануваат дека ќе го разнесат во воздух!
Двајца киднапери, наводно поддржувачи на убиениот либиски диктатор Гадафи, ја преземале контролата врз авион на Африкија ервејз кој летал во Либија, принудувајќи ги пилотите на ербасот А320 да сврти кон Малта. Во авионот има 118 патници и членови на екипажот.
„Информиран сум за ситуацијата со локалниот лет во Либија кој беше пренасочен кон Малта. Безбедносните и итните служби се во готовност“, напиша малтешкиот премиер Џозеф Мускат на Твитер, додавајќи дека „безбедносните и итните служби ги координираат операциите“.
Сѐ уште има различни вести за тоа колку киднапери има во авионот, и едни медиуми јавуваат дека се двајца додека Тајмс оф Малта јавува дека има само еден осомничен.
Идентификуван само како „поддржувач на Гадафи“, киднаперот наводно има рачна граната и се заканил дека ќе го разнесе авионот доколку не му се исполнат барањата, за кои сѐ уште ништо не се знае.
Се знае дека авионот патувал од либискиот град Себха кон Триполи со 11 патници и 7 членови на екипажот, но слетал на Меѓународниот аеродром на Малта каде војската ја опколила пистата. Сите летови кон овој аеродром се пренасочени на неодредено време.
Ново на Сител
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед
-
Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа