Киднапиран мексикански фудбалер кој игра во Грција

Мексиканскиот фудбалер Ален Пулидо (26) е киднапиран во сојузната држава Тамаулипас, соопштуваат мексиканските безбедносни власти.
Пулидо бил грабнат близу до неговиот дом во Сијудад Викторија, отако си заминал од една забава на која присуствувал со својата девојка.
Мексиканските весници пишуваат дека возилото во кое биле Пулидо и неговата девојка било пресретнато од шест камиони кои му го попречиле патот.
Фудбалерот бил на сила извлечен од автомобилот од шестмина маскирани мажи, додека девојката била оставена во возилото неповредена на еден паркинг.
Пулидо игра за грчкиот фудблски клуб „Олимпијакос“ од Пиреја, а неколкупати досега има настапувано и за мексиканската репрезентација.
Сојузната држава Тамаулипас важи за една од најнасилните држави во Меисико, каде сојузната влада во Сијудад Мексико има испратено дополнителни безбедносни сили за борба против припадниците на нарко мафијата.
Десетици лица се убиени во изминатите недели, во оваа сојузна држава, која е сместена до американската граница.
Мексико важи за држава со најголем број киднапирани лица во светот.
Властите тврдат дека минатата година насилно биле одведени илјада лица, но безбедносни ексерти проценуваат дека таа бројка е многу повисока и изнесува дури десет пати повеќе.
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците одиграа мала игра, но многу добри разговори се во тек
-

МВР и ТАВ Македонија: Успешно спроведена вежбата „Сигурен хоризонт 2026“ – тестирана подготвеноста за одговор на сложени безбедносни закани
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
