Кичевчани порачаа: Ова е земја на сите и ќе биде земја на сите, каква ни ја оставиле предците така треба да им ја оставиме на нашите деца
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва на платото пред Домот на културата во Кичево одржа мирен протест на кој повика на разум, не на поделби, на развој, а не на стагнација, на отворање, а не затворање.
Во име на граѓаните беше побарано да запрат сите партиски превирања и несогласувања за, какошто беше посочено, да се оствари целта за која сите се залагаме – Македонија да остане унитарна, самостојна, суверена и независна.
– Цениме дека само на таков начин ќе имаме подобар и попросперитетен живот. Се срамиме од сите сценарија кои ги слушнавме изминатиов период и затоа сакаме да им застанеме на пат, ценејќи дека антимакедонската стратегија е стратегија против сите нас кои живејме тука. Ова е земја на сите и ќе биде земја на сите и каква што ни ја оставиле нашите предци така треба да им ја оставиме и на нашите деца, порача организаторите на протестот.
Кичево, нагласија, е град за пример за добар соживот не само во Македонија и Европа, туку и во светот и ги повикаа присутните на мирен и достоинствен начин да маршират низ улиците на градот.
Ново на Сител
-
„Трипедвајзор“: Најдобрите европски плажи за 2025 година
-
Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“
-
Чешката скијачка Нова веќе не е во кома
-
Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука
-
Издадени над 18 илјади платни налози за прекршоци во сообраќајот од почетокот на месецот
-
Рубиалес парично казнет за бакнувањето фудбалерка
-
Можна градска пресметка Реал Мадрид – Атлетико во осминафиналето во ЛШ
-
Билјана Каракашева Шулев нова заменик претседателка на ДКСК