Кичевчанец приведен за поседување пиштол

Кичевската полиција вчера пронашла и одзела пиштол и рамка со шест куршуми калибар 6,35 милиметри при преглед на кичевчанецот Ф.Е. (50) во угостителски објект во центарот на градот. Ф.Е., кој нелегално го поседувал оружјето, е приведен.
Настанот, како што соопшти МВР, се случил околу 16:15 часот на ул. „Маршал Тито“ кога Ф.Е. пристигнал во угостителскиот објект. По претходни оперативни сознанија, полициските службеници извршиле преглед врз него и ги пронашле пиштолот и рамката со куршуми.
По претходно известување до Основниот јавен обвинител во Гостивар, Ф.Е. е приведен. Против него и претходно биле поднесувани кривични пријави за што бил и затворски осудуван.
Пиштолот и рамката со оружје биле одземени и предадени на вештачење.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
