КИЦ на Македонија во Софија утре ќе ја почне годинашната културна понуда
Со мултимедијалниот проект „Сподели радост", Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија утре пред тамошната публика ќе ја почне културната понуда за 2017 година.
- Вечерта посветена на македонската поезија, песна и ликовна уметност, концепциски ја осмислија актерот Иван Калошев и режисерот Ѓорги Георгиев-Антика. Ќе бидат интерпретирани познати стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Михаил Ренџов, Светлана Христова-Јоциќ, Катица Ќулавкова, Лилјана Дирјан и други, информира КИЦ на РМ во Софија.
Во ликовниот дел од програмата на настанот „Сподели радост“ ќе бидат претставени дела од Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев-Пепси, Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски, Слободан Милошевски и Иво Пецов.
- Овој проект, во кој активно се вклучени македонски уметници кои студираат, живеат и работат во Бугарија, оваа година веќе има добиено покани за претставување во Пловдив, Асеновград, Созопол, Банско и Сандански, соопшти Македонскиот културен центар во бугарската престолнина.
Настанот ќе го отвори директорот Васко Шутаров, кој на публиката ќе и ја претстави и програмата за работа на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во 2017 година.
Ново на Сител
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја